Финале од државниот натпревар „Франкофонска песна“

Финале од државниот натпреварФранкофонска песна

 

        „Те сакам“, „Време на цвеќињата“, „Еве“ и други прекрасни франкофонски песни беа интерпретирани од страна на основците и средношколци од Северна Македонија во рамките на државниот индивидуален натпревар по франкофонска  песна кој се одржа на 13 април 2024 година во преубавата сала во хотелот Холидеј Ин во Скопје. Фондацијата Бел идеал од Париз, Франција и Здружението на професори по француски јазик на Македонија, го организираа овој натпревар каде учествуваа основци и средношколци кои претходно го поминаа полуфиналето.

 

Учесниците од сите страни во земјата пееја популарни и познати француски песни, а публиката уживаше во нивните прекрасни настапи. Победниците на натпреварот од средно училиште добија престој во Париз, Франција, додека пак победниците од основно училиште ќе престојуваат на франкофонски камп во Охрид благодарение на фондацијата Бел идеал во Париз, Франција, а претседателот, г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал лично им ги додели дипломите и медалите на победниците.

 

Победници од основно училиште се:

 

Место

 

Име и презиме

 

Училиште

 

Ментор

 

I

Ангела Костадинова ООУ “Никола Вапцаров” – Струмица  

Љопче Ричлиева

 

II

 

Ангелка Бошковска

ООУ “Крсте Мисирков” – Скопје Весна Димитровска
 

III

 

Катерина Пислевиќ

 

ООУ “Дане Крапчев” – Скопје

 

Анета Митевска

 

 

Победници од средно училиште се:

 

Место

 

Име и презиме

 

Училиште

 

Ментор

 

I

 

Ивана Коколанска

СОУ “Гоце Делчев” – Валандово  

Елисавета Занова

 

II

 

Ема Котевска

СУГС “Раде Ј. Корчагин” – Скопје  

Билјана Димовска

 

III

 

Теодор Божинов

СУГС “Раде Ј. Корчагин” – Скопје  

Билјана Димовска

 

Честитки за сите ученици и победници на натпреварот.

 

  • FrançaisFrançais
  • македонски јазикмакедонски јазик