Прекрасна франкофонска вечер во Делчево

__________________________________________________________________________________

Прекрасна франкофонска вечер во Делчево

 

Во реализацијата на својот проект насловен „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија“, фондот „Бел Идеал“ од Париз (Франција) во соработка со колегите од основните училишта „Свети Климент Охрид“ од Делчево и „Ванчо Китанов“ од Пехчево од Северна Македонија, годинава ја организираше националната франкофонска вечер на 27 март 2024 година во Спомен Домот АСНОМ во градот Делчево, Северна Македонија. По тој повод, на настанот учествуваа 127 млади франкофони од 11 училишта од 8 градови од Македонија кои се истакнаа преку француската песна, поезија, театар, спорт и музика.

 

На овој настан, посебна чест и задоволство ни беше присуството на неговата екселенција, г-дин Сирил Бомгартнер, францускиот амбасадор во Северна Македонија, г-ѓа Жаклина Поп-Ангелова, шеф на кабинетот на амбасадорот, г-ѓа Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието на Северна Македонија, г-дин Горан Трајковски, градоначалник на Општина Делчево и г-дин Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево, како и директорите и наставниците од основните и средните училишта.

 

Фондацијата Бел Идеал, претставувана од нејзиниот претседател, г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал, која ни приреди задоволство со нејзиното присуство со цел да ги награди сите победници кои ќе имаат можност да уживаат во летниот франкофонски камп кој оваа година ќе се одржи од 26 јуни до 2 јули 2024 година во Охрид.

 

Добитници се:

  • Димитар Парасков од ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево, професор по француски јазик Магдалена Симовска,
  • Ирина Спасевски од ООУ „Свети Климент Охридски“ во Делчево, професор по француски јазик Билјана Начовски,
  • Анабела Стојанова од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“ Крива Паланка, професор по француски јазик Елена Николовска,
  • Анастасија Курчиска од СОУ „Методи Митевски Брицо“ во Делчево, професор по француски јазик Лидија Антовска,
  • Христијан Петровски од ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево, професор по француски јазик Маја Милчевска.

 

Посебна благодарност до г-ѓа Билјана Начовски, професор по француски јазик во ООУ „Свети Климент Охридски“ во Делчево како и до г-ѓа Магдалена Симовска, професор во ООУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево и голема благодарност до сите оние кои го овозможија овој настан и се надеваме дека следната година ќе може повторно да се одржи во друг град во Северна Македонија.

  • FrançaisFrançais
  • македонски јазикмакедонски јазик