Национален франкофонски спектакл во Куманово – 26 март 2026
Во рамките на својот проект насловен како „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија 2026 “, фонддацијата Бел Идеал од Париз (Франција) го организираше националниот франкофонски спектакл оваа година, на 26 март 2026 година, во Куманово. По тој повод, 120 млади франкофони од 19 училишта од 9 градови од Северна Македонија учествуваа на настанот и ги истакнаа своите јазични вештини под француски јазик преку француска песна, поезија, театар и музика.
На овој настан, со задоволство им посакавме добредојде на Неговата Екселенција, г-дин Кристоф ЛЕ РИГОЛЕР, амбасадор на Франција во Северна Македонија; г-ѓа Љупка Димова, Аташе за изучување и развој на француски јазик; г-ѓа Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието на Северна Македонија, г-ѓа Марија Варсамис Симоновска, претседател на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија; г-дин Мирослав Славковски, градоначалник на Старо Нагоричане и г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Советот на општина Куманово, како и директорите и професорите од основните и средните училишта.
Особена благодарност до сите франкофони, ученици и професори кои учествуваа кои учествуваа на овој неверојатен настан.
И не е готово! Во 2027 година, авантурата продолжува во нов град во Северна Македонија. Дали сакате да бидете домаќини на следното издание? Апликациите се отворени: вие сте на ред!