МЛАДИТЕ ФРАНКОФОНИ ОД КРИВА ПАЛАНКА УСПЕШНИ НА НАПРЕВАРОТ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК “НАЈУБАВА НОВОГОДИШНАЧЕСТИТКА
Креативни честитки: Божиќни ѕвезди
Фондацијата Бел Идеал, со седиште во Париз, Франција, сака да ја истакне креативноста и вештините по француски јазик на младите франкофони во Крива Паланка.
Во рамките на оваа иницијатива, натпреварот по француски јазик „Креативни честитки: Божиќни ѕвезди“ се одржа на крајот од првото полугодие од учебната 2025-2026 година на кој учествуваа ученици од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, СОУ „Ѓорче Петров“, како и ученици од четврто и петто одделение учесници во проектот Сензибилизација.
Инспирирани од божиќните и новогодишните традиции во Франција и Северна Македонија, учениците со ентузијазам учествуваа на натпреварот, кој се одржа од 8 до 20 декември 2025 година.
Фондацијата Бел Идеал им упатува најтопли честитки на сите ученици-учесници, кои покажаа имагинација, посветеност и одлично познавање на францускиот јазик.
Победниците на натпреварот за креативни честитки: Божиќни ѕвезди, особено се истакнаа преку оригиналноста на нивните честитки, квалитетот на нивниот пишан збор и богатството на нивните пораки.
| Учесници во проектот Сензибилизација | |||
| Место | Одделение | Ученик | Професор |
| I | петто | Борјан Герасимовски | Елена Николовска |
| II | четврто | Мила Младеновска | Елена Николовска |
| III | петто | Јана Груевска | Елена Николовска |
| ООУ “Свети Јоаким Крчовски” | ||
| Одделение | Ученик | Професор |
| Шесто | Ива Петровска | Елена Николовска |
| Седмо | Бојана Младеновска | Елена Николовска |
| Осмо | Дарија Јакимовска | Елена Николовска |
| Деветто | Ангела Дејановска | Елена Николовска |
| СОУ “Ѓорче Петров” | ||
| Година | Ученик | Професор |
| Прва | Софија Гоговска | Мимоза Ивановска |
| Втора | Стефани Симонова | Сашка Младеновска |
| Трета | Антонио Цветковски | Сашка Младеновска |
| Четврта | Филип Стојановски | Мимоза Ивановска |
Единаесетте победници на натпреварот беа наградени со таблет, кој им беше доделен на 25 декември 2025 година во нивните училишта од страна на г-ѓа Елена Николовска, соработник на фондацијата „Бел Идеал“, во присуство на професорите по француски јазик.
По тој повод, Бел Идеал им посакува среќни новогодишни и божиќни празници на сите ученици, како и на нивните семејства и професори.