Марина во Македонија

Учениците од Крива Паланка од проектот Сензибилизација на Фондацијата Бел Идеал од Париз учествуваа на неверојатни работилници со Марина Ригиелски од Франција

 

На 15 април 2024 година, учесниците во проектот Сензибилизација односно работилници за запознавање на францускиот јазик и култура, ученици од петто одделение од основните училишта „Свети Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка, Северна Македонија, имаа неверојатна можност да следат две работилници водени од  г-ѓа Марина Ригиелски од Франција: професор по танц и аниматор на летен рекреативен камп повеќе од 17 години во Франција (дипломирана на БАФА, БАФД и професор по француски јазик како странски јазик). На покана и поддршка на фондацијата Бел идеал, таа со задоволство дојде и им обезбеди работилници на 27-те ученици.

Најпрвин, учениците имаа кратко објаснување за француската уметничка техника поентилизам од 19 век на Жорж Сеура, техника за создавање на уметничко со дело со ситни точки во боја една до друга при што се користат само основните бои: црвена, сина, жолта и бела, од кои добиваме и портокалова, зелена и виолетова… Учениците следејќи ги насоките изработија Ајфелова кула во оваа техника.

Во текот на следната работилница, учениците се забавуваа и научија да танцуваат „Мадисон“.

Потоа учениците беа поканети на пица во ресторан во Крива Паланка.

Насмеаните лица и ентузијазмот на учениците се најголемиот подарок за Марина, фондацијата Бел Идеал и Елена, нивната професорка по француски јазик.

  • FrançaisFrançais
  • македонски јазикмакедонски јазик