Прекрасна франкофонска вечер во Свети Николе

Во рамки на реализацијата на својот проект насловен „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија“, фондацијата Бел Идеал од Париз (Франција) во соработка со професорката по француски јазик од основните училишта „Свети Кирил и Методиј“ и „Гоце Делчев“ од Свети Николе од Северна Македонија, годинава ја организираше националната франкофонска вечер на 9 април 2025 година во Свети Николе.
По тој повод, 120 млади франкофони од 12 училишта од 6 градови од Македонија учествуваа на овој настан и се истакнаа преку француската песна, поезија, театар, спорт и музика.

Имавме огромна чест да и посакаме добредојде на нејзината екселенција г-ѓа Гордана Силјановска-Давкова, Претседателка на Република Северна Македонија, истакнвајќи ја на тој начин нејзината поддршка за младите и франкофонијата во земјата. Исто така на настанот присуствуваа и неговата екселенција, г-дин Кристоф ЛЕ РИГОЛЕР, амбасадор на Франција во Северна Македонија, г-ѓа Жаклина Поп-Ангелова, шеф на кабинетот на амбасадорот, г-ѓа Кети Димковска, советник по француски јазик во Бирото за развој на образованието на Северна Македонија, г-дин Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе, како и директорите и професорите од основните и средните училишта.

Посебна благодарност до г-ѓа Дијана Душановска Тосева, професорка по француски јазик во Свети Николе за нејзината посветеност и огромниот придонес за успехот на овој настан.

И не е готово! Во 2026 година, авантурата продолжува во нов град во Северна Македонија. Дали сакате да бидете домаќини на следното издание? Апликациите се отворени: вие сте на ред!

  • FrançaisFrançais
  • македонски јазикмакедонски јазик