Детство во Северна Македонија
Бел Идеал има за цел да се бори против проблемот со образовниот неуспех, лошото домување, и генерално, против секојдневните тешкотии кои спречуваат да се изгради иднина што ќе ги исполни очекувањата.
Секој би требало да може да планира и да сонува за светла иднина на своите деца, а тоа значи да има пристап до основните потреби и надвор од живеалиштето, правото да се чувствува безбеден. Оваа потреба поминува преку пристап до вработување, решенија за грижа на децата, пристап до најблиското училиште, културни активности, здравје и сл., кои се исто толку важни за развојот на човекот.
Фондацијата Бел Идеал е свесна за ова, и тоа е причината што е посветена до тој степен што смета дека нејзиното дејствување е од суштинско значење: Образование за децата во Северна Македонија.
« Бел Идеал не тврди дека го менува светот. Но, ако можеме барем малку да го подобриме тешкиот живот на луѓето и децата, ќе ја постигнеме нашата цел. »
Жаде Бенреждал
Оснвач на Бел идеал