Јавен повик за пријавување – Национален спектакл на Франкофонијата 2026
вовед
Фондацијата Bel Idéal од Париз (Франција) има за цел да ги обедини франкофоните во Северна Македонија со цел заедничко одбележување на Месецот на Франкофонијата.
Младите франкофони, ученици од основното и средното образование на возраст од 10 до 18 години, ќе имаат можност да настапат на сцена и да пеат, рецитираат, танцуваат или глумат на француски јазик. Целта е да се истакне нивното познавање на францускиот јазик и да се поттикне меѓуучилишна соработка меѓу ученици од различни градови во земјата. Трудот на секој учесник ќе биде вреднуван за време на овој национален културно-уметнички настан.
Важни информации
-
Краен рок за доставување на пријавите (наставници по француски јазик): 1 март 2026
-
Датум на потврда на учеството од страна на Bel Idéal: 3 март 2026
-
Возраст на учесниците: 10 – 18 години
-
Место на одржување: Куманово
-
Датум на настанот: четврток, 26 март 2026
-
Максимален број учесници по образовна установа: 15
-
Максимално времетраење на еден настап: 4 минути
Превоз и исхрана
Фондацијата Bel Idéal не го покрива превозот на учесниците до Куманово. Превозот е во надлежност на образовните установи.
На сите учесници ќе им биде обезбеден пакет-оброк по пристигнувањето во Куманово, како и ужинка по завршувањето на настанот.
Одговорност
Учениците остануваат под исклучива одговорност на наставниците-придружници и на образовната установаза целото времетраење на настанот, вклучувајќи ги патувањата, пробите и настапите.
Фондацијата Bel Idéal не сноси одговорност за учениците надвор од рамките на уметничката и логистичката организација на настанот.
Образовните установи се должни да обезбедат дека се прибавени сите потребни согласности од родителите/старателите.
Тек на денот – Четврток, 26 март 2026
| Време | Активности |
|---|---|
| 9:30 – 10:00 | Уредување на сцената и подготовка на изложбата |
| 10:00 – 12:30 | Проби |
| 13:00 – 15:30 | Национален спектакл на Франкофонијата |
| 15:30 – 16:15 | Ужинка |
| 16:15 | Завршување на настанот |
Кандидатура
Наставниците кои сакаат да учествуваат во спектаклот треба да достават посебна пријава за секоја активност, најдоцна до 1 март 2026 година, преку онлајн формуларот (Google Forms) или, доколку тоа не е можно, преку документот Пријава за учество на Спектаклот на Франкофонијата 2026.
Образовните установи се повикани да ги наведат своите технички потреби. Техничките услови на лице место ќе бидат ограничени (микрофон, основно озвучување).
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeprTirl0JwSFidNpOyuPBCcoxlsCcwQZgF4bXVYMtbHvhyIw/viewform