МЛАДИТЕ ФРАНКОФОНИ ОД КРИВА ПАЛАНКА УСПЕШНИ  НА НАПРЕВАРОТ ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК “НАЈУБАВА НОВОГОДИШНАЧЕСТИТКА

Креативни честитки: Божиќни ѕвезди

Фондацијата Бел Идеал, со седиште во Париз, Франција, сака да ја истакне креативноста и вештините по француски јазик на младите франкофони во Крива Паланка.

 

Во рамките на оваа иницијатива, натпреварот по француски јазик „Креативни честитки: Божиќни ѕвезди“ се одржа на крајот од првото полугодие од учебната 2025-2026 година на кој учествуваа ученици од ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, СОУ „Ѓорче Петров“, како и ученици од четврто и петто одделение учесници во проектот Сензибилизација.

Инспирирани од божиќните и новогодишните традиции во Франција и Северна Македонија, учениците со ентузијазам учествуваа на натпреварот, кој се одржа од 8 до 20 декември 2025 година.

Фондацијата Бел Идеал им упатува најтопли честитки на сите ученици-учесници, кои покажаа имагинација, посветеност и одлично познавање на францускиот јазик.

Победниците на натпреварот за креативни честитки: Божиќни ѕвезди, особено се истакнаа преку оригиналноста на нивните честитки, квалитетот на нивниот пишан збор и богатството на нивните пораки.

 

Учесници во проектот Сензибилизација
Место Одделение Ученик Професор
I петто Борјан Герасимовски Елена Николовска
II четврто Мила Младеновска Елена Николовска
III петто Јана Груевска Елена Николовска

 

ООУ Свети Јоаким Крчовски
Одделение Ученик Професор
Шесто Ива Петровска Елена Николовска
Седмо Бојана Младеновска Елена Николовска
Осмо Дарија Јакимовска Елена Николовска
Деветто Ангела Дејановска Елена Николовска

 

СОУ Ѓорче Петров
Година Ученик Професор
Прва Софија Гоговска Мимоза Ивановска
Втора Стефани Симонова Сашка Младеновска
Трета Антонио Цветковски Сашка Младеновска
Четврта Филип Стојановски Мимоза Ивановска

 

Единаесетте победници на натпреварот беа наградени со таблет, кој им беше доделен на 25 декември 2025 година во нивните училишта од страна на г-ѓа Елена Николовска, соработник на фондацијата „Бел Идеал“, во присуство на професорите по француски јазик.

 

По тој повод, Бел Идеал им посакува среќни новогодишни и божиќни празници на сите ученици, како и на нивните семејства и професори.

 

  • FrançaisFrançais
  • македонски јазикмакедонски јазик